БРАВО ХЕРОИ: ОД СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА ОБЈАВИЈА ФОТОГРАФИЈА И НАПИШАА – НИЕ МИСЛИМЕ И РАБОТИМЕ ЗА ВАС!

март 14, 2020

На фејсбук Д-р Гоце Христов вечерва објави фотографија од струмичката болница и напиша дека мислат и работат за нас. Д-р Христов апелираше до сите да останат дома и да ги заштитат своите најблиски. На крајот во неговиот пост стои: „Македонија да се освести за доброто на сите нас“. Инаку, пред малку на прес конференција министерот Венко Филипче соопшти дека во земјава има шестмина ново заболени од корона вирусот, со што вкупната бројка се искачи на 18. Тој исто така објави нови мерки како што е затворање на молови, освен продавници за храна и аптеки, обложувалници, казина и кафулиња кои нема да работат воопшто.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ