strumica denes logo

БРАВО: ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА СПОМЕНИКОТ ВО СТРУМИЦА НА НАЈГОЛЕМИОТ СИН НА МАКЕДОНИЈА, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ПРЕСРЕТ НА ГОДИШНИНАТА!

Автор:

Датум:

февруари 4, 2026

Автор:

Датум:

февруари 4, 2026

Со секојдневно подобрување на хигиената на јавните површини ЈПКД „Комуналец„ се обидува да го подобри изгледот на околината во која секојдневно сме присутни.

Со денешното чистење на споменикот Гоце Делчев се надеваме дека ќе подобри изгледот на градскиот плоштад а сето тоа ќе допринесе и зголемување на одговорноста и свеста на самите граѓани за поубав и почист изглед на животната средина.

Веруваме дека нашата посветеност започнува да дава резултати кои со одговорното однесување на сите нас ќе станувааат се поголеми и повидливи.

Апелираме и укажуваме за чување и неуништување на урбаната опрема, за оставање на сметот исклучиво во кантите за отпадоци. Колку повеќе ја подигаме еко свеста толку поскоро ќе добиеме убаво, чисто и пристојно место за живеење.