БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ: Три момчиња и едно девојче, семејство од Штип доби четворка!

октомври 25, 2023

Во Скопје на Универзитетската клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје се роди четворка. Брачниот пар Благица и Александар Зикови од Штип во текот на вчерашниот ден станаа родители на три момчиња и едно девојче.

Бебињата се родени со помош на докторката Елена Ели Николовска која ја водела целата бременост. Бебињата се предвремено родени, но се во добра здравствена состојба.

Оваа четворка е втора по 27 години во Штип. Првата родена четворка била во 1997 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ