БОЖИЦА Е НАШАТА НОВА ХЕРОИНА: Го победи ракот, заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје и си замина дома!

октомври 3, 2023

„Уште едно дете го победи ракот и си оди дома. Многу среќа ни донесе оваа наша Божица“, напишаа од САНО, здружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители.

Божица, малото девојче кое боледуваше од рак, е вистински херој на денот. Таа заѕвони на победничкото ѕвонче и си отиде дома откако ја победи тешката болест.

Од САНО, здружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители, споделија прекрасна вест дека Божица ја напушта Клиниката за детски болести и споделија емотивно видео.

Таа заѕвони на ѕвончето и си замина дома со насмевка, додека вработените во клиниката за детски болести и другите дечиња ја испратија со аплауз.

„Уште едно дете го победи ракот и си оди дома. Многу среќа ни донесе оваа наша Божица.

Видеото е одобрено за објава од родител,“ напишаа од САНО на видеото што го објавија на нивната Фејсбук страница.

„Златце убаво, добро да си, длабока старост да си имаш“,

„Душа златна, биди жива и здрава“,

„Борец од мали нозе. Господ долг и среќен живот да ти даде“,

„Секогаш чекори храбро“, ѝ посакаа на Божица преку социјалните мрежи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ