Бојлерот троши најмалку електрична енергија кога е постојано вклучен!

ноември 29, 2023
Variety of modern electric boilers presented in store

Кои уреди трошат киловати дури и кога не ги користиме, но ги оставаме вклучени? И колку струја може да се заштеди со нивно исклучување? Според најновата студија на „Бритиш Гас“, најдобро би било домаќинствата да ги исклучат повеќето апарати од струја кога не се во употреба, бидејќи овие уреди можат да бидат одговорни за речиси 23 отсто поголема потрошувачка на електрична енергија.

Ова првенствено се однесува на бојлерот, за кој експертите проценуваат дека е еден од најголемите енергетски потрошувачи во домаќинството. Имено, за само еден час работа, бојлер од два киловати троши два киловатчаса струја. Ако бојлерот работи два и пол часа секој ден, троши вкупно 150 киловатчасови струја месечно. Кај повеќето бојлери температурата е однапред подесен, но за да заштедите пари, термостатот треба да биде поставен на 50 до 60 Целзиусови степени, а не на 75 или 85.

Како што покажува студијата, освен што не е неопходно прегревање на водата, бојлерот ќе придонесе и за повисоки сметки за струја, бидејќи ќе троши повеќе струја за да ја намали таа температура. Се препорачува редовно да се одржуваат електричните бојлери, односно бојлерот и греачите да се чистат најмалку еднаш годишно.

Дилемата дали да го оставите постојано вклучен или да го исклучите по ноќно полнење кога струјата е поевтина, од „Бритиш гас“ прачуваат дека овој уред нема да троши помалку ако биде стално исклучен, бидејќи водата со секое вклучување ќе мора повторно да се загрее. Затоа електричниот бојлер се исклучува само кога никој нема да го користи подолго време. Според експертите, најмалку струја се троши доколку бојлерот е правилно наместен и постојано вклучен.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ