strumica denes logo

БОГАТИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОСКАПА СТРУЈА, А СИРОМАШНИТЕ ПОЕВТИНА!

Автор:

Датум:

април 2, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

април 2, 2022

Категории:

Струмица

До 15 април е осигурено снабдувањето со природен гас во земјава, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, кој не верува дека би имале некаков проблем во делот на топлинската и електричната енергија при евентуална одлука на Руската Федерација да се плаќа природниот гас во рубли од страна на „непријателските држави“.

– Во случај да се донесе таква одлука, сите други алтернативни ресурси на природен гас со кои ќе се снабдува Бугарија, ќе може да ги користиме и ние, рече Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.

Од јуни ќе има блок тарифи за потрошената струја, оние што трошат повеќе ќе плаќаат поскапо

Бектеши најави дека од јуни ќе се примени нов тарифен модел за електричната енергија со воведување на блок тарифи, односно оние кои повеќе трошат поскапо да плаќаат, а оние кои помалку трошат да плаќаат поевтина електрична енергија дури и од сегашната.

Според него, не е праведно богатите семејства кои трошат 10 отсто од вкупните дневни потреби на државата за електрична енергија да плаќаат иста цена на електричната енергија со другите и затоа ќе плаќаат повисока цена, а ранливите категории ќе плаќаат и пониска од сегашната.

Покрај тоа, како што нагласи, на сите домаќинства од 1 јули ќе им се дозволи на покривите да произведуваат сопствена електрична енергија по моделот потрошувач – производител.