strumica denes logo

БОГ Е НАШЕТО СПАСЕНИЕ, НАШАТА СИЛА И ПЕСНА – БОГ Е НАШИОТ ИЗБАВИТЕЛ!

Автор:

Датум:

јануари 5, 2022

Автор:

Датум:

јануари 5, 2022

Ce’ ce успева co молитва, молчење и љубов. Ги сфативте ли резултатите од молитвата? Љубов co молитва, љубов во Христа. Таа навистина носи полза.

Колку повеќе ќе ги љубите децата co човечка љубов (која најчесто е патолошка), толку повеќе тие ќе бидат збунети и нивното однесување ќе биде негативно. Меѓутоа, кога вашата меѓусебна љубов и љубовта кон вашите деца ќе биде христијанска и света, тогаш нема да имате никаков проблем.

Светоста на родителите ги спасува децата. За да се случи тоа, Божјата благодат треба да изврши влијание врз душите на родителите. Никој не се осветува сам. Божјата благодат потоа ќе ги просветли, ќе ги стопли и ќе ги оживотвори душите на децата.

Многупати ми се јавуваат на телефон и од странство за да ме прашаат нешто во врска co нивните деца, како и за други прашања. Денес ми се јави една мајка од Милано и ме праша како да се однесува co своите деца.

Јас и’ го кажав следново:

„Треба да се молиш, a кога ќе треба, ќе им зборуваш на децата co љубов. Повеќе треба да се молиш, a помалку да им зборуваш. Во однос на сите треба повеќе молитва, а помалку зборување.

Да не стануваме напорни, туку тајно да се молиме, па потоа да зборуваме и Бог ќе ни даде внатрешна потврда дали нашето зборување е приемчиво за другите. Ако, пак, не е, тогаш нема да зборуваме, туку само ќе се молиме тајно.

Co зборувањето стануваме напорни, па ги тераме другите да реагираат, а понекогаш и да негодуваат. Затоа е подобро да им се зборува тајно во срцето на другите, преку молитва, отколку во нивното уво.”

„Слушни да ти кажам: прво ќе се помолиш, а потоа ќе зборуваш. Така прави и co твоите деца.

Ако постојано им делиш совети, ќе станеш напорна, па кога ќе пораснат ќе чувствуваат еден вид притисок. Значи, претпочитај ја молитвата. Зборувај им co молитвата. Зборувај My на Бога, а Бог ќе им го каже тоа на децата.

Значи, не треба твоите деца да ги советуваш на начин да слушнат нивните уши.Можеш да го правиш и тоа, но пред се’, треба на Бога да My зборуваш за твоите деца.

Кажувај го ова:

Господи Исусе Христе, просветли ми ги дечињата. Јас Тебе Ти ги доверувам. Ти си ми ги дал, а јас сум немоќна, не можам да ги приберам. Затоа, Те молам, просветли ги. И Бог ќе им проговори, па ќе велат:

Уф, не требаше да ја натажам мајка ми co тоа што wжго напќравив! А овие зборови ќе излегуваат од нивната душа co помош на Божјата благодат.

Ова е совршениот начин: мајката да My зборува на Бога, а Бог да му зборува на детето. Ако не биде така, тогаш зборувај, зборувај, зборувај и се на едно уво ќе влегува, а на друго ќе излегува. На крај тоа ќе стане еден вид притисок.

A кога детето ќе порасне, веќе почнува да реагира, односно да се осветува на некој начин кон татко му и мајка му затоа што му вршеле притисок. А совршениот начин е еден: да зборуваат љубовта во Христа и светоста на мајката и на таткото. Зракот на светоста, а не на човечкиот напор, ги прави децата да бидат добри.

Кога децата се повредени и ранети од некој сериозен проблем, тогаш немојте да се иритирате затоа што тие реагираат и зборуваат неубаво. Реално тие тоа не го сакаат, но не можат да реагираат поинаку во тешките моменти. Потоа се каат поради тоа.

Меѓутоа, ако вие се изнервирате и се налутите, тогаш станувате едно co лукавиот, па така тој сите ве изигрува.

Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”