Фолк пејачката Благица Калева по втор пат станала баба. Таа пред три месеци го добила внукот Виктор, синче на нејзината ќерка Марија и зетот Борче. Благица пред четири години првпат стана баба на внуката Софија и сега вели дека тоа што е дупла баба ја прави најсреќна на свет.
Годинава таа беше гостинка на Фолк фест „Валандово“ и додека на сцена ги пееше познатите хитови на нејзино големо изненадување, на сцената се појави токму Софија, која на баба ѝ подари букет. Солзи радосници течеа низ лицето на Благица, бидејќи како што кажа, не знаела дека внука ѝ ќе дојде да ѝ биде најголема поддршка.
А за тоа како се чувствува како баба, таа не ги криеше емоциите.
-Не знам дали има зборови со кои можам да го опишам тоа чувство. Малку е ако кажам прекрасно. Пред три месеци се роди Викторче на баба, а Софија е веќе четири години. Навистина јас сум најсреќната баба на светот. Дупла баба, пресреќна сум. И само нека се здрави и живи, само тоа го посакувам. Софија го носи името на другата баба, а Виктор го доби името по мојата друга ќерка Викторија, која за жал, не е веќе меѓу нас. Затоа велам нека се здрави и живи и Господ да ги благослови, рече таа.
Покрај песната нејзина втора професија веќе две ипол години е работата во градинка во Струмица. Да биде уште поинтересно во групата дечиња што таа ги чува е и нејзината внука Софија.
-Работата со деца ме исполнува. Чувството да гледаш дечиња е голем благодет на душата. Во групата дечиња за кои јас се грижам е и внука ми Софија, па така неа ја гледам секој ден, бидејќи ќерка ми Марија и зет ми Борче си имаат свој дом. Живеам сама, но тие доаѓаат и со нив душата и куќата секогаш ми е полна. Јас секој викенд пеам, преку недела работам во градинка, но секој момент сум расположена за дружење со моите внуци, вели Благица.
Целосната вест може да ја погледнете со кликнување на следниот линк: https://mms.mk/355945/
ИЗВОР: ММС.МК