Бизнис секторот бара дозволи за „увоз“ на 10.000 странски работници во Македонија!

септември 11, 2023

„Лани имав можеби 20 понуди за нови капацитети кои сум ги одбил бидејќи немам доволно работници за да ги исполнам тие барања. И Бугарија, и Србија и Македонија се судрија со проблем на недостиг на работници бидејќи младите луѓе не сакаат даработат во овој сектор. Затоа големите европски брендови отидоа на Далечниот Исток“, вели Ангел Димитров од Организација на работодавачи, за „Телма“.

Подолг период бизнис секторот бара зголемување на квотата за увоз на странски работници. Вицепремиерот Битиќи најави законски измени.

„Неминовно е да се зголеми квотата, и Битиќи тоа го видел. Нашата квота е до средината на јуни исполнета. Ќе видите дека кога ќе почнат Бехтел и Енка, дека во Македонија нема градежни работници. Џабе бараме да се вклучат наши компании, кога тие компании немаат работници“, вели Димитров.

Квотата за работни дозволи за странските работници се очекува од 5.000 да се зголеми на 10.000.

Во земјоделството и на објекти и на патиштата веќе работат странски работници, дознава Телма.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ