Битиќи: Членството во НАТО не направи сојузници со најсилните армии во светот и ни отвори пазар со неограничени можности за нашата економија

април 5, 2023

Вицепремиер задолжен за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи, во својата порака на социјалните мрежи денеска по повод одбележувањето на 74 години од основањето на НАТО на 4 април 1949 година, истакнува дека тоа е и наш датум за паметење и одбележување и дека „ние гордо можеме да кажеме дека членството во најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот дојде како израз на нашата натпартиска, широка, мнозинска, национална, мултиетничка и државничка одлука. Одлука којашто го определува нашиот пат напред како пат на демократијата, сигурноста и безбедноста, патот кон развој и придобивки за сите наши граѓани“.

Битиќи потенцира дека „членството во НАТО не ни ја отвори само можноста за сојуз со најсилните армии во светот, туку и можноста за пристап на нашата економија, на нашите компании фирми до широк пазар со неограничени можности.

Членството во НАТО како наш реален државен успех создаде голема можност компаниите од нашата земја да учествуваат во тендерски постапки за потребите на Алијансата со буџети од неколку милијарди евра. Нашите компании имаат еднакво право како и компаниите од сите останати земји членки да учествуваат во овие постапки“.

„Со членството во НАТО и со исполнувањето на критериумите за почеток на преговорите со ЕУ,се создаде подобра бизнис клима и подобар кредитен рејтинг за Македонија, а како една од причините за овој успех е и членството на Северна македонија во Алијансата од март 2020 година“, истакнува во својата порака по повод денот на основањето на НАТО вицепремиер задолжен за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи.

Заменик претседателот во Владата Битиќи во својата порака нагласува дека „со тоа обезбедивме стабилност и поволна инвестициска клима што резултираше со историски рекорден износ на странски директни инвестиции во земјата во износ од 753,8 милиони евра во 2022 година“.

„За следни заеднички успеси со секоја наредна година! Ние сме НАТО“, се вели во честитката по повод денот на основањето на северно-атлантската алијанса на вицепремиер задолжен за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ