Од 31 мај до 21 јуни, Видеолотарија Касинос Австрија го организира турнирот БИДИ ШАМПИОН. Со 16 натпревари во мал фудбал и 16 натпревари во уличен баскет за деца од 10 до 14 години, ќе се обидеме да придонесеме за промоција на спортот, фер игра, тимскиот дух и спортските вредности меѓу младите
Видеолотарија Касионс Австрија како модерна и општествено одговорна компанија, веќе цела деценија го поддржува спорот. За спортски успеси, потребна е спортска инфрастуктура и спортски таленти. Во таа насока, споделуваме дека во текот на изминатиов период со донаторски буџет од милион евра, ставивме во функција 20 игралишта, од нив 12 мултифункционални, а 8 детски инклузивни.
Со радост и задоволство информираме дека на реконструираните мултифункционални игралишта ширум Македонија, започнуваме турнир БИДИ ШАМПИОН на 31.05.2025 со кој преку спортот промовираме фер игра, тимски дух и позитивни вредности. Во рамки на турнирот планирана е серија на натпревари во мал фудбал и уличен баскет за деца на возраст од 10 до 14 години. Планирани се 16 натпревари во мал фудбал и 16 натпревари во уличен баскет. Мини турнирот е организиран како систем по групи, по што ќе следи вкрстување во нокаут фаза.
БИДИ ШАМПИОН не е само натпревар, туку и порака-дека секој млад човек може да биде шампион во фер игра, другарство и воопшто во животот. Првите натпревари ќе бидат одиграни во текот на претстојниов викенд на 31.05 и 01.06 во Охрид и во Битола. Секое дете ќе добие соодветна спортска опрема и подароци. Финалниот натпревар ќе се одигра на 21 јуни. Турнирот ќе го следи тим на стручни лица.
Со турнирот БИДИ ШАМПИОН, сакаме да придонесеме во поттикнувањето на спортот како здрава активност за правилен развој на децата, да креираме тимски дух и работа во тимови, а дополнително и да придонесеме талентираните деца да бидат забележани.
Финалниот натпревар на турнирот, ќе се одигра на 21 јуни. Очекуваме сите натпревари да бидат вистинско спортско доживување за децата.