Популарните ликови Биби и Боби доаѓаат во Струмица. Овој празничен викенд, најмладите посетители ќе имаат ретка можност да се дружат со омилените хероини од „Светот на Биби“ 👧👦✨.
Настанот ќе се одржи во недела, на 14 декември 2025, со почеток во 12:30 часот ⏰, во Symbol Retail Park – Струмица. За атмосферата ќе се погрижи DJ Bono 🎶, кој ќе донесе позитивна енергија и празничен ритам.
Организаторите најавуваат забавно, динамично и семејно дружење, исполнето со зимска магија и многу детски насмевки ☃️💙.























