Доколку и вие сте од оние што обожаваат еклери, а не сакаат да губат премногу време за подготовка, ова е добар рецепт за еклер торта, за која воопшто нема да имате потреба од печење.
Ова е рецепт за брза редена торта, која речиси во целост е со шлаг и со крем, а има сосема малку кора, слично како еклерите.
Погледнете во продолжение како се подготвува:
Потребни состојки:
- 200g бисквити
- 800ml млеко
- 2 ќесички пудинг од ванила
- 250g шлаг пена;
- 50g темно чоколадо;
- 2 супени лажици путер;
- 300g шеќер;
- 3 супени лажици млеко;
- 1 супена лажица Агаве сируп (или мед);
- 1 супена лажица екстракт од ванила.
Начин на подготовка:
- На плех со димензии 30×20cm се реди еден ред бисквити. По потреба бисквитите може да се скршат за да се распоредат рамномерно.
- Со маталка се мешаат млекото и пудингот и се оставаат да отстојат 2 минути, а потоа се додава и шлаг пената.
- Смесата се распоредува рамномерно врз бисквитите.
- Врз шлагот се ставаат преостанатите бисквити.
- На пареа се топат чоколадото и путерот и внатре се додаваат преостанатите состојки: шеќер, 3 лажици млеко, Агаве сируп и екстракт од ванила.
- Чоколадото се распоредува рамномерно врз тортата.
- Тортата се прекрива со пластична фолија и се остава во ладилник околу 8 часа или цела ноќ.
Деталното упатство за подготовка погледнете го во приложеното видео: