Во организација на Општина Василево, беа спроведени бесплатни здравствени прегледи за жителите на Висока Маала, со цел унапредување на грижата за здравјето на локалното население.
Проектот беше реализиран во соработка со Санте Плус Хоспитал и Турската амбасада во Република Македонија, при што на граѓаните им беа овозможени основни медицински прегледи и консултации со стручни лица.
Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, заедно со турскиот амбасадор Фатих Улусој, ги посетија поставените пунктови, разговараа со граѓаните и се запознаа со текот на активностите.
Од локалната самоуправа посочуваат дека грижата за здравјето на секој граѓанин претставува врвен приоритет, нагласувајќи дека и во иднина ќе продолжат со реализација на вакви активности насочени кон подобрување на квалитетот на живот и благосостојбата на населението.























