strumica denes logo

Бесплатен влез и детска работилница во НУ Завод и музеј – Струмица во сабота по повод Меѓународниот ден на музеите!

Автор:

Датум:

мај 16, 2025

Автор:

Датум:

мај 16, 2025

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите, во сабота (од 10:00 до 17:00 часот) постојаната музејска поставка во НУ Завод и музеј – Струмица ќе биде отворена за посетителите со бесплатен влез.

Како дел од програмата за одбележување на овој значаен ден, ќе биде организирана детска едукативна работилница, со цел најмладите посетители да се запознаат со музејските предмети, културното наследство и значењето на музеите во зачувување на историјата и традицијата.

Од установата ги покануваат сите заинтересирани граѓани, особено родителите со деца, да ја искористат можноста за еден поинаков, едукативен и инспиративен викенд во музејот.