strumica denes logo

БЕСПЛАТЕН ИНТЕРНЕТ ЗА СТРУМИЧАНИ – ОПШТИНАТА ПОТПИША МЕМОРАНДУМ!

Автор:

Датум:

април 23, 2026

Автор:

Датум:

април 23, 2026

Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, денес потпишал меморандум за соработка во рамки на иницијативата WiFi4WB, со што се овозможува поставување на бесплатна јавна Wi-Fi мрежа за сите граѓани и посетители во општината.

Со потпишувањето на меморандумот, опремата преминува во сопственост на Општина Струмица, додека интернет услугата ќе биде бесплатна во период од 18 месеци. Со ова, Струмица се вбројува меѓу 500-те општини во регионот кои добиваат WiFi4WB мрежа, по примерот на европската програма WiFi4EU, преку која се обезбедени бесплатни интернет точки на илјадници локации низ Европската Унија.

На средбата било разговарано и за можностите за идни заеднички проекти со GIZ, насочени кон дигитален развој и унапредување на услугите за граѓаните.

Иницијативата е финансирана од Европска Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital, со цел обезбедување сигурен и бесплатен интернет низ Македонија и земјите од Западен Балкан.