strumica denes logo

БЕКТЕШИ ТВРДИ: Трошоците за живот за една година намалени за 5,5 пати!

Автор:

Датум:

ноември 8, 2023

Автор:

Датум:

ноември 8, 2023

“Мерките на Владата даваат резултат. Стапката на инфлација во октомври изнесува 3,5% и е преполовена споредено со претходниот месец кога растот на трошоците за живот изнесуваше 6,6%“, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши, откако Државниот завод за статистика ги објави индексите за трошоци за живот и цени на мало за месец октомври 2023 година.

“Трошоците за живот во делот на храна и безалкохолни пијалоци во октомври бележат раст од 1%, што е драстично намалување сппредено со 7,8% пресметани во претходниот месец. Споредено со октомври 2022 година кога инфлацијата изнесуваше 19,8% за една година бележиме намалување на инфлацијата од 5,5 пати“, напиша министерот Бектеши и додаде дека Владата носи мерки во интерес на граѓаните и заштита на животниот стандард.