strumica denes logo

Банско добива ново мултифункционално спортско игралиште!

Автор:

Датум:

април 17, 2026

Автор:

Датум:

април 17, 2026

Во кругот на ПООУ „Маршал Тито” во Банско, во завршна фаза е изградбата на мултифункционално спортско игралиште кое ќе овозможи подобри услови за развој и дружење на учениците.

Игралиштето заедно со патеката за поставување клупи се простира на површина од 950 м2, поставена е еластична гумирана подлога, оградено е со метална ограда и пластифицирана мрежа, а поставени се стативи за мал фудбал и ракомет како и кошеви. Извршено е и обележување на игралиштето.

Овој простор е создаден со цел да обезбеди сигурна и стимулирачка средина за најмладите, поттикнувајќи ги на физичка активност, тимска работа и здрави животни навики. Инвестицијата во вакви проекти претставува вложување во иднината на нашите деца и заедницата!