Атанас и Тино на Family day во Струмица во недела!

октомври 25, 2019

Водителското и актерско дуо Атанас и Тино од Театар Комедија доаѓаат во Струмица во недела, 27 октомври во градскиот парк. Мултиталентираните момци ќе бидат водителски пар на првиот Adient Family Day во организација на aгенцијата Евентум. Најавена е богата четиричасовна бесплатна програма од отворен карактер за сите возрасти. На сцена ќе ги видиме настапите на локалното танцово студио One Way, а свој концерт ќе одржи и поп-пејачката Александра Јанева. Семејниот ден со наслов „Ние сме семејство“ ќе започне од 11:30 часот. За најмалите ќе биде поставено креативно уметничко катче, збогатено со многу детски игри, боенки, суперхерои, маскоти. На најактивните деца и родители ќе бидат доделени бројни награди и изненадувања.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ