Деновиве Струмица ја обиколи веста за малтертиран основец и неангажираноста на стручните кадри да го решат проблемот со училишното насилство. Меѓутоа, во никој случај не смееме да ги заборавиме сите оние пожртвувани учители и професори кои максимално се залагаат да го извлечат најдоброто од своите ученици и ги стимулираат на најразлични интересни начини да го совладаат материјалот, да стекнат навики на одговорност и правилно да поминат низ процесот на секундарна социјализација.
На ист начин стојат и работите со детските градинки.
Мислењата околу тоа дали нашите деца ги пуштаме во сигурни раце се поделени. Какво искуство имате вие – дали е необходна поголема контрола над работата на просветните работници?