АНДОН СТОЈКОВ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МЛАДИТЕ НА СДСМ ВО СТРУМИЦА!

август 11, 2022

Младиот струмичанец Андон Стојков е нов претседател на младите на СДСМ во Струмица. Стојков доаѓа на местото на Столе Коциров.

Фејсбук статус на Андон Стојков:

Многу сум горд и среќен што можам да соопштам дека од вечерва сум претседател на Локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Македонија – Струмица.
Прв меѓу еднаквите млади струмички социјалдемократи, навистина е голема чест и задоволство.

Ви благодарам на сите за поддршката и довербата која што ми ја дадовте.

Чувството како новоизбран претседател и искрено да ви кажам убаво е, но, не е лесно.

Убаво е, затоа што сте ми верувале и сте ми го дале Вашиот глас, убаво е што имам визија и можам и сакам целиот мој капацитет да го вложам во зајакнувањето на мојата и Вашата Социјалдемократска младина која уште повеќе директно ќе учествува во прогресивниот развој на нашата држава.

Не е лесно, затоа што Струмица не е било кој град, туку најцврстиот бедем на македонската социјалдемократија, од чии редови излезе најдобриот, најпожртвуваниот и најхрабриот македонски премиер, Зоран Заев.

Исто така и нашиот Коста Костадинов, кој беше еден од моите претходници, а сега е актуелен градоначалник на нашата Струмица.

Му благодарам и на досегашниот претседател Столе Коциров кој успешно го водеше Локалниот клуб на СДММ и на целото досегашно раководство.
Ви благодарам на сите што верувате во мене.

Пред мене е голем предизвик. Но имам голем мотив и заедно со Вас да продолжиме уште посилно да ја даваме поддршката на нашата Влада која досега реализираше успешни младински политики, но и да бараме уште повеќе да се слуша нашиот глас, нашите потреби, идеи, да останеме еден од нејзините приоритети, но и да бидеме сериозен партнер во градењето на нејзината европска иднина.

Со НАТО и ЕУ, оваа Влада го исполнува мојот и сонот на моите врсници и затоа ние сакаме да живееме и работиме во Република Македонија, таа е нашата татковина, нашиот дом и сакаме да биде дом на нашите деца.

Патот ни е трасиран, само треба храбро и цврсто да чекориме по него. А ние тоа го можеме, бидејќи го наследивме од нашите претходници.
Драги пријатели,

Уште еднаш ви благодарам за довербата и ќе направам СЕ за да ја оправдам пред вас.
За СДММ, за СДСМ, за Република Македонија.

Да сме живи и здрави и да се радуваме на уште поголеми успеси!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ