Синоќа во Ново Село Сушица се одржа најновото издание на фестивалот Смотра Златен Глас.
Во прекрасните настапи на 14 млади музички таленти уживаше бројна публика. Комисијата во состав Александра Јанева, Андријана Јаневска и Спасен Силјановски имаше тешка задача да ги доделат наградите.
Сепак одлучија и соопштија дека Третото место го поделија Душко Никовски и Марија Панчурева од Струмица и Онур Пашаага од Гостивар.
Второто место го поделија Сергеј Попоски од Прилеп и Мартина Митева од Струмица.
Првата награда ја доби Анастасија Цамбулева од Струмица.
Овој фестивал има историја од неколку децении. Успеал да им овозможи на некои наши уметници да ги направат своите први чекори.