strumica denes logo

АКО ИМАТЕ СПОСОБНОСТИ ЗА ПРОДУЦИРАЊЕ НА КРАТОК ФИЛМ, ПРИЈАВЕТЕ СЕ – ГЛАВЕН ФОКУС Е КРАТОК ФИЛМ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ ПОВРЗАНИ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА!

Автор:

Датум:

ноември 22, 2021

Категории:

Реклама, Струмица

Автор:

Датум:

ноември 22, 2021

Категории:

Реклама, Струмица

Кликни на линкот и пријави се: https://www.euhouse.mk/europe-house-greenfilm-natprevar/?lang=mk

Europe House ве поканува да учествувате во #GREENFILM со цел да ја доближиме публиката на трите Europe House до вашите креативни идеи, во форма на кратки документарни филмови или фикција кои се однесуваат на заштитата на животната средина.

#GREENFILM е филмска активност која ќе ангажира млади луѓе на возраст од 15-25 години. Тие се поканети да учествуваат на конкурсот каде нивна задача ќе биде да продуцираат кратки филмови од 30 секунди до 3 минути со главен фокус на идентификување на проблемите поврзани со животната средина. Оваа активност ќе ги натера младите луѓе да се вклучат во прикажувањето на овие проблеми на креативен начин, а истовремено да ги натера да ги истражат нивните идни можности во светот на филмот.

И тие ќе ни ја достават својата работа. Следен чекор ќе биде да се изберат 10 најдобри филмови од професионално жири и да се организира вечерта на прикажување на филмовите. Во проекциската вечер ќе го објавиме и победникот „Best of all“, кој ќе добие професионална камера.

Право на учество имаат:

-Сите млади од 15 до 25 години.

– За сите македонски граѓани.

– Времетраење на филмот од 30 секунди до 3 минути.

Времетраење на натпреварот

Конкурсот трае од 00:00 часот на 28.10.2021 година до 00:00 часот на 01.12.2021 година.

Учество во натпреварот

Секој учесник/тим може да учествува во наградниот натпревар само во свое име и со учество потврдува дека сите дадени лични податоци се само негови лични податоци и дека се согласува со овие правила и услови на наградниот натпревар.

Услов за учество на натпреварот е учесниците да бидат запознаени и да се согласуваат со сите правила на наградниот натпревар. Со учеството на конкурсот се смета дека учесникот се согласил со сите услови во врска со наградниот конкурс.

Видеото може да биде на македонски, албански или англиски јазик.

Видеата со навредливи содржини нема да се земаат во предвид (вулгарни или навредливи зборови; елементи на агресивен национализам, ксенофобија и антисемитизам; верска, идеолошка, политичка пропаганда; расна, културна, социјална, религиозна, етничка, нерелигиозна и друго)

Видеото може да биде во кој било формат (анимација, документарец итн.), може да биде вербално или невербално, во форма на скица или друго.

– Натпреварувачите можат да споделат и мала промоција на филм од 10 секунди која може да ја промовираат на Инстаграм со хаштаг #GreenFilm2021 #EuropeHouseSkopje #EuropeHouseStrumica #EuropeHouseKrivaPalanka

Учесниците не треба да имаат претходна обука како филмаџии. Доволно е да се има идеја и желба да се продуцира филм.

Филмовите може да се снимаат со кој било уред за снимање: камера, телефон, ipad итн. Крајниот рок за аплицирање е 1 декември 2021 година. Финалниот производ (филм) треба да се испрати на е-маил адресата на Europe House: euinfo@euhouse.mk како vimeo линк.

Од сите апликации, 10 филмови ќе бидат избрани од професионално жири од различни сектори кои ќе бидат прикажани во МКЦ. Во меѓувреме, стручното жири од различни сектори ќе го избере најдобриот филм на Green Film . Авторот на најдобриот филм ќе добие награда професионална камера.

Контактирајте нѐ на euinfo@euhouse.mk доколку имате какви било прашања.

Пополнете ја апликацијата подолу за да учествувате на натпреварот #GREENFILM.

Кликни на линкот и пријави се: https://www.euhouse.mk/europe-house-greenfilm-natprevar/?lang=mk