Во Општина Босилово во недела, на 28 септември 2025 година, ќе се одржи манифестацијата „Ајверијада“. Настанот ќе се случи во центарот на селото Босилово и ќе започне во 12:00 часот со подготовка на традиционалниот ајвар.
Од 13:00 часот посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на ајвар и специјалитети подготвени од овој македонски деликатес, како и во традиционална македонска храна.
Покрај гастрономскиот дел, предвидена е и богата културно-уметничка програма во која ќе настапат Борис и Билјана Димови, Перо Христов и КУД „Кирил и Методиј“ од Иловица.
Организаторите ги покануваат сите љубители на македонската традиција, вкусна храна и добра забава да бидат дел од оваа уникатна манифестација.