АЈДУЦИ СТРУМИЦА:
Секое трпение има свој почеток и свој крај, а нашето одамна помина, струмичката младина која некогаш се калеше на спортските терени, сега повеќе ја нема, наместо неа имаме една зомбирана младина зависна од пороците на модерното време, која расте без никакви вредности и идеали.
“Елитата” во градот е глува и ја нема за спортот и општото добро на градот, на секое ќоше наместо спортски игралишта никнуваат казина и лихварници, претворајќи ја Струмица од град кој беше во врвот на сите спортски стории, во град главен декор на сите црни хроники.
Струмица е град кој го губи својот идентитет, на кој му доликува борба за титули, успеси, полн стадион и сала, а не спортското дно, да ставиме крај на цело ова црнило и да го вратиме сјајот на нашиот град со кој сите се гордееме.