Ахмети на македонски порача: „Стоиме рамо до рамо со вас кога е во прашање македонскиот јазик!”

ноември 25, 2023

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, на одбележувањето на 115-годишнината од Битолскиот конгрес и Денот на албанската азбука во Битола во својот говор се обрати и на македонски јазик.

Тој на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски, кои присуствуваа на настанот, им порача дека Албанците стојат рамо до рамо со Македонците кога е во прашање македонскиот јазик.

„Почитуван претседател, почитуван премиере, ние не стоиме позади вас туку рамо до рамо со вас за вашиот мајчин јазик – македонскиот“, порача Али Ахмети.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ