strumica denes logo

7 ДОБРА ШТО ЌЕ НИ ГИ ДОНЕСЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Ќе ни стане најдобар пријател, учител, па дури и лекар!

Автор:

Датум:

април 26, 2023

Категории:

Свет, Струмица

Автор:

Датум:

април 26, 2023

Категории:

Свет, Струмица

Наместо да чекате на лекар, можеби за некоја настинка или вироза ќе можете директно да го прашате вашиот домашен чат за совет. Ем ќе ве разбере како се чувствувате, ќе ви даде идеја каде да одите на одмор, а може и да стане најпознат извор на информации. Можеби нема да ви го одземе работното место, но ќе направи да го работите само креативниот дел од обврските.

Додека се пишува за тоа колку опасна може да биде вештачката интелигенција ако стане свесна, таа може да ни донесе и корисни работи. Но, сосем неочекувано е предвидувањето дека ваквите чатови ќе ни бидат најдобар пријател, лекар па и учител!

За да не го прашуваме Чат „Ѓепето“ да зборува сам за себе, го прашавме познатиот чат на Бинг, кој од неодамна е достапен како апликација на Гугл, што мисли кои се 10 нешта кои ќе се променат во нашиот живот, а еве што тој стави на списокот консултирајќи познати статии на оваа тема:

  1. Чат ГПТ можеби ќе биде најдоверливиот новинар меѓу луѓето или барем најдоверлив извор на информации, поради можноста брзо да ги проверува фактите, да објавува заклучоци, мислења, да пишува новински статии во стилот на луѓето, вели статија на МкКинзи.
  2. Поради вештачката интелигенција ќе ги работиме само креативните работи од нашето работно место. Ако не сакаме да го изгубиме не? Но, тоа значи дека ќе мора да станеме поиновативни и постојано да учиме. Добрата работа е што работното време може да ни стане флексибилно какво што имаат креативните професии, пишува Њујорк Тајмс.
  3. Чат ГПТ ќе ни биде најдобар пријател или соговорник, пишува Форбс. Тој ќе нè забавува, ќе ни кажува шеги, ќе не разбира…Веројатно, тука се мисли на делот пред чатот да завладее со човештвото.
  4. Наместо да чекате на лекар, можеби за некоја настинка или вироза ќе можете директно да го прашате вашиот домашен чат за совет. Ќе ви даде идеја и за диета, план за тренирање…ќе ви даде план за одмор за летото, па луѓето ќе стануваат поисполнети и поавантуристички расположени, пишува Ел паис.
  5. Сакате да се вклучите во политика, партија, некаква организација? Ќе можете од дома преку вештачката интелигенција. Замислете референдум да се одржува директно преку Чат ГПТ. Луѓето ќе го прашуваат чатот ако им фалат информации во врска со нивното поолитичко убедување.
  6. Подобро ќе мислиме поради вештачката интелигенција. Таа ќе нè научи да бидеме решавачи на проблеми. Супер е што ќе може да тестираме цели теории и големи парчиња информации преку неа и додека таа анализира ние да се концентрираме на креативниот дел.
  7. Вештачката интелигенција ќе ги инспирира луѓето да изразуваат емоции, па дури и ќе ги учи да бидат поемотивни и похумани. Тоа значи дека конечно ќе ја разбудиме емоционалната интелигенција, онаа која ја нарекуваат EQ наместо IQ, oдносно интелектуалната интелегенција.

Во меѓувреме, Илон Маск најави дека ќе развие нов бот кој ќе ги гледа луѓето како пријатели и нема да сака да ги уништи. Тој го нарече TruthBot. Ботот ќе треба да осигура дека Ѓепето, Бард и Бинг нема да нè внесат во матрикс-сценарио. Една од карактеристиките на ботот, според Маск, ќе биде што тој ќе избегнува да биде политички коректен, а наместо тоа ќе трага по вистината.