strumica denes logo

6.5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОЕКТИ ЗА СТРУМИЦА: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТАДИНОВ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ И ВЛАДАТА!

Автор:

Датум:

јули 17, 2025

Автор:

Датум:

јули 17, 2025

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска во Владата ги потпиша договорите за неколку стратешки проекти со вкупна вредност од речиси 6,5 милиони евра, кои ќе го променат урбаното лице на градот.

Меѓу приоритетите се уредувањето на каналот „Крушевска Република“, инвестиции во станбени и сервисни улици, како и целосна инфраструктура околу новиот градски пазар, кој, според најавите, ќе биде најголем во Македонија.

„Ова не се само проекти, ова се конкретни чекори за повисок квалитет на живот во Струмица, за поубав, похуман и поевропски град“, изјави Костадинов по потпишувањето.

Градоначалникот изрази благодарност до својот тим за посветената работа, но и до Владата и Премиерот, кои, како што рече, ја препознале визијата за развој на Струмица и го поддржале трудот што е вложен.