strumica denes logo

НАЈМНОГУ ОДМАРАМЕ ОД БАЛКАНСКИТЕ НАРОДИ: Во 2026 дури 7 до 10 продолжени викенди!

Автор:

Датум:

ноември 8, 2025

Автор:

Датум:

ноември 8, 2025

Во 2026-та година ќе има вкупно 7 продолжени викенди за сите граѓани, а за граѓаните од православна вероисповед има дополнително уште три, односно вкупно 10.

Во продолжение следува листата со неработни денови и државни празници во 2026 година:

За сите граѓани:

01 јануари (четврток), Нова година
07 јануари (среда), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
13 април (понеделник), вториот ден на Велигден според православниот календар
01 Мај (петок), Ден на трудот
24 Мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, неработен ден е 25 мај (понеделник)
02 Август (недела), Ден на Републиката, односно неработен ден е 3 август (понеделник)
8 Септември (вторник), Ден на независноста
11 Октомври (недела), Ден на народното востание, односно неработен ден е 12 октомври (понеделник)
23 Октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба
8 Декември (вторник), „Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед:

06 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божиќ
19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици)
10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед:

6 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
01 ноември (недела), Празникот на сите светци
25 декември (петок), првиот ден на Божиќ
За граѓаните од муслиманска вероисповед:

27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ:

22 ноември (недела), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ:

27 јануари (вторник), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ:

08 април (среда), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ:

23 мај (сабота), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ:

21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ:

28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ:

21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик