Од 14:30 часот, градскиот плоштад во Струмица ќе биде центар на тагата и почитта. Граѓаните на Струмица ќе се соберат, заедно да ги споделат своите болки и да се поклониме пред сеќавањето на Ѓорѓи, но и на сите млади души што ги загубија животите во трагичниот настан. Ќе се молиме за нивните души и ќе посакаме сила за повредените кои се борат за своето здравје.
Во знак на почит, утре, од 8:00 часот, во просториите на општинската зграда ќе биде отворена книга на жалост, каде секој граѓанин може да остави свој збор за ова трагично и ненадејно заминување. Сите во Струмица се обединети во оваа болка, иако зборовите се недоволни, тагата продолжува да тече.
Ова е момент кога Струмица молчи и таа тагува, но истовремено и се потсетува на младоста што беше во неа, и која ја изгуби…