На 28.03.2025 околу 15.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, на делницата од с.Самоилово до Ново Село, патничко возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Б.(30) од Струмица, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Б., констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.