strumica denes logo

ВО КПУ ЗАТВОР-СТРУМИЦА ЗАПОЧНУВА СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ ЗА ЅИДАРИ И АВТОМЕХАНИЧАРИ

Автор:

Датум:

декември 15, 2025

Автор:

Датум:

декември 15, 2025

Во КПУ Затвор Струмица успешно е спроведен процесот на класификација, при што кандидатите ги положија стандардните предмети македонски јазик, математика и англиски јазик, информираат од установата.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Со завршувањето на овој дел од програмата, започнува реализацијата на наставата за стручно оспособување, која ќе се спроведува во профилите ѕидар и автомеханичар.

Од КПУ Затвор Струмица посочуваат дека активностите продолжуваат со цел унапредување на знаењата и вештините на кандидатите, како дел од континуираните напори за нивна едукација и практична подготовка.

  • Banner