На 06.02.2026 во 12:00 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ј.Х.(23) од истото село. Тој се сомничи дека заедно со Б.М.(22) и И.С.(37), двајцата од село Василево, струмичко, на 05/06.02.2026 од спортска обложувалница во село Василево, во која влегле со употреба на подесен клуч, одзеле 136.110 денари. На 07.02.2026 од слобода е лишен и Б.М., а во Полициската станица Струмица е повикан и И.С., кои во службените разговори ги признаа делата, а од Б.М. и И.С. се одземени и дел од парите кои ги одзеле при вршење на кражбата и ќе бидат вратени на сопственикот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава.
ТРОЈЦА КРАДЦИ ОД СТРУМИЧКО УКРАЛЕ ОКОЛУ 140.000 ДЕНАРИ ОД СПОРТСКА ОБЛОЖУВАЛНИЦА – ПОЛИЦИЈАТА БРЗО ГИ ПРОНАЈДЕ КРАДЦИТЕ И ПАРИТЕ!

























