strumica denes logo

СЕ ПРЕТЕРА ЛИ СО ЦИГАРИТЕ? НАРОДОТ РЕАГИРА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Одиш во ресторан, јадеш врвна храна, добиваш врвна услуга, си одиш дома и труеш!

Автор:

Датум:

декември 30, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 30, 2022

Категории:

Струмица

РЕАКЦИЈА НА ГРАЃАНИ НА СОЦИЈАЛНАТА МРЕЖА ФЕЈСБУК:

Се претера со цигарите. Одиш во ресторан, јадеш врвна храна, добиваш врвна услуга, си одиш дома труеш ко пепељара. Можеме ли да сме толку мизерни и неразумни – живееме во еден од најзагадените градови во светот, а и цела држава не е цвеќе за мирисање и наместо итни измени на Законот за заштита од пушење да бидат донесени, сe’ е удрено на весеље.

А бевме авангардни со тој закон, многу поразвиени земји од нас го немаа кога ние го имавме. Кафана/ресторан е дел од нашиот менталитет, нам таа работа ни е важна, тоа е дел од нашето постоење. Ама треба истото да биде достоинствено. Вака, непушачите сме заложници на пушачите и на интересите на угостителите, а и на големо се врати навиката за пушење, што е поразително! И не се вадете со тераси, одвоени простории, такво нешто не постои!