ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ, КОСТА ЈАНЕВСКИ, КОСТАДИН КОСТАДИНОВ, КАТЕРИНА КУЗМАНОВСКА И МАРЈАН ДАСКАЛОВСКИ ДЕНЕШНИОТ ПРАЗНИК ГО ОДБЕЛЕЖАА ВО ЦРКВАТА ВО ВОДОЧА!

август 28, 2019

Денеска, на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, пратениците Катерина Кузмановска и Костадин Костадинов, претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и членови на истиот, присуствуваа на светата литургија која што се одржа во црквата ,,Св.Леонтиј” во Водоча.

Заедно со граѓаните, празникот го одбележаа и во црквата ,,Св. 15 Тивериополски Свештеномаченици” во Струмица.

На сите православни христијани градоначалникот на Струмица им го честита денешниот празник и им посакува здравје, среќа и благосостојба во нивните семејства.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ