По повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, заедно со премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, го посетија семејството Демов во нивниот дом во Василево.
Во своето обраќање, премиерот Мицкоски истакна дека оваа посета претставува израз на заедништво и почит помеѓу различните заедници во Македонија, нагласувајќи дека заедничкото прославување на празниците создава силни и искрени врски помеѓу граѓаните.
„Во духот на заедништвото, соживотот и почитта, се среќаваме со луѓето со кои ги делиме радостите и предизвиците. Нека овој Рамазан Бајрам донесе мир, здравје и благосостојба во секој дом“, изјави премиерот Мицкоски.
Покрај честитките за празникот, градоначалникот Андонов исто така изрази благодарност за гостопримството на домаќинот, Ајхан Демов, и посочи дека ваквите моменти ја потврдуваат силната врска и заедничкиот напор за изградба на подобро и посреќно општество.
Честитките за Рамазан Бајрам беа упатени со желба за мир, љубов и хармонија во сите домови во регионот и пошироко.