strumica denes logo

ПРАТЕНИКОТ ПЕТАР МАРКОВ ВО ВАШИНГТОН: ПРИСУСТВУВАШЕ НА СЕДНИЦИ НА КОМИСИЈАТА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА САД

Автор:

Датум:

февруари 5, 2026

Автор:

Датум:

февруари 5, 2026

Пратеникот Петар Марков, член на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собрание на Република Македонија, соопшти дека во рамки на својата официјална посета на Вашингтон присуствувал на седници на Комисијата за надворешни работи на Соединетите Американски Држави. Според неговата изјава, присуството на овие сесии било значајно поради улогата на комисијата во обликувањето на надворешната политика на САД и во поддршката на меѓународната соработка, вклучително и со Република Македонија.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Како што информира Марков, за време на посетата имал можност да размени мислења и да разговара за можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу Македонија и САД, со фокус на безбедноста, економскиот развој, управувањето и регионалната стабилност. Тој оценил дека ваквите контакти ја потврдуваат силната и долгорочна партнерска врска меѓу двете држави и отвораат нови перспективи за заеднички напредок.

Во својата порака, Марков изразил благодарност за приемот и конструктивниот дијалог, нагласувајќи дека тие дополнително ја зацврстуваат посветеноста кон мирот, просперитетот и демократските вредности во регионот.

  • Banner