ПИШУВА КОАЛИЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА: УШТЕ ЕДНА „ГРЕШКА“, ОВОЈПАТ НАПРАВЕНА ОД ЦРВЕН КРСТ!

март 31, 2023

Преземено од Коалиција за заштита на децата:

Неодамна низ социјалните мрежи проциркулира објава дека за време на работилница на Црвен крст, малолетни деца биле вклучени во сексуални игри. Овојпат има и видео, кое е јавно обелоденето.

Глетката не видеото е снимена од учесниците во програмата “Црвен крст во Акција-Промоција на хумани вредности” (ЦКА-ПХВ), малолетници и возрасни од различни земји – Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и др.

На самото видео се гледаат разголени момчиња во танга и прслуци, кои конзумираат алкохол, а возрасни мажи и жени стојат од страна или учествуваат во „играта“ допирајќи ги нивните тела.

На оние кои велат „младост-лудост, детско глупирање“, сакаме да им го потенцираме следново:

Едно нешто е врсници да се соберат некаде и да се „глупираат“ меѓу себе, а сосема друго нешто е кога вакво „глупирање“ е поттикнато, мотивирано, охрабрувано и водено од возрасни мажи и жени, кои работилниците ги организирале за да промовираат „хумани вредности“.

Потсетуваме дека сличен ваков скандал имаше и пред година и половина во извидничкиот камп, кој е во соработка со Хера, а каде на час по „сеопфатно сексуално образование“ си ги боеле гениталиите со разни бои и оставале отисоци на хамер, правеле секс пози пред манастир, возрасни мажи ги оценувале градите на девојчињата и сл.

Преземи Одговорност претходно објави повеќе детали за Црвен Крст, кои ги пренесуваме подолу:

Црвен Крст се во соработка со Хера и Маргини и тие се учесници и потписници на сите акции на овие организации за имплементирање на ЛГБТИ+ и перверзно сексуално образование што ќе треба да го изучуваат нашите деца во училиштата.

НВО декларација за сеопфатно сексуално образование потпишана од Црвен Крст (извор: веб-сајтот на ЛГБТИ+ организацијата Маргини)

Од Платформата за родова еднаквост, кои насилно притискаат за целосно менување на образовната концепција во согласност со нивната ЛГБТИ+ агенда (потписници се сите ЛГБТИ+ организации, вклучувајќи ги Хера и Маргини, организацијата на проститутките, како и Црвен крст):

Кликни на следниот линк за оригиналната вест и видеото: https://www.zadecata.org/post/uste-edna-greska-ovoj-pat-napravena-od-crven-krst?fbclid=IwAR1DonghItrFXl3jWhMCxkY4BaYBcNwKSjHCBlGKOc5bWnd-6qXqYgYw9Fc

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ