strumica denes logo

ОВА Е ГОЛЕМА СРАМОТА: Несовесни граѓани во центарот на градот истурале отпад!

Автор:

Датум:

мај 17, 2025

Автор:

Датум:

мај 17, 2025

И покрај постојаните апели од ЈПКД „Комуналец“ – Струмица и можноста за пријавување на несоодветно фрлен отпад преку дежурната 24-часовна служба на бројот 13-110, дел од граѓаните сè уште се однесуваат неодговорно и несовесно. Последен ваков случај е забележан во центарот на градот, каде што ѓубре било истурено пред влезот на детска градинка.

Надлежните екипи на „Комуналец“ реагирале веднаш и отпадот бил исчистен уште во раните утрински часови. Но, според претпријатието, грдата слика која останува зад ваквите постапки, е потсетник за тоа колку дел од граѓаните не покажуваат почит кон заедничкиот животен простор.
Од претпријатието апелираат до граѓаните да ја користат службата за пријавување на отпад и да бидат совесни во зачувувањето на животната средина.

„Секојдневно вложуваме напори да ја одржиме Струмица чиста и уредна, но потребна ни е и поддршката од граѓаните. Апелираме на совест, особено кога се работи за простори пред образовни и детски установи. Одговорноста е заедничка, а чиста животна средина е право на сите нас“, изјавија од ЈПКД „Комуналец“ – Струмица.

Од претпријатието најавуваат дека ќе продолжат со зачестени теренски контроли и остри реакции за секое непочитување на прописите за фрлање отпад.