Викенд на преубавата Беласица на четвртото издание на „Мистериите на Беласица“. Околу 200 учесници изминатите два дена ги истражуваа убавините на планината преку пешачка и велосипедска тура. Сликите доловуваат мал дел од глетката на врвот „Тумба“ и живописната природа кај планинарскиот дом „Шарена чешма“. Се гледаме и следната година!