Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, доби признание за својот посебен придонес во развојот на Одбојкарскиот клуб ОК Сушево. Ова признание е резултат на неговиот труд и ангажман за враќање на клубот во Првата одбојкарска лига, како и за неговото тековно функционирање.
Во објава на својот фејсбук профил, Андонов изрази благодарност за добиеното признание, нагласувајќи дека тоа е доказ за вреднувањето на неговиот труд.
„Ова беше мое предизборно ветување, кое и покрај тешката финансиска состојба на општина Василево, успеав да го реализирам“, напиша градоначалникот.
Андонов истакна дека ОК Сушево не е само спортски тим, туку и амбасадор на општина Василево, кој ја претставува нејзината гордост, традиција и расадник на таленти.
„Нашите одбојкари се гордоста на општина Василево, и како општина, и како граѓани, ќе продолжиме да се радуваме на нивните резултати и победи“, рече тој.
„Мојата подадена рака ќе стои секогаш тука за вас“, додаде Андонов, уверувајќи го клубот и неговите членови дека неговата поддршка продолжува и во иднина.
На крајот, градоначалникот посочи: „И да, ќе одиме на врвот – таму каде што припаѓаме!“.