(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ОТВОРАЊЕ) НОВО ВО СТРУМИЦА: „НЕНА ДЕНТ“ Е НОВАТА СТОМАТОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА ВО ГРАДОТ!

октомври 8, 2019

Викендот во Струмица се случи отворањето на новата стоматолошка ординација „Нена Дент“ која се наоѓа на улицата „Климент Охридски“ или поточно веднаш после „Арена Фитнес“. „Нена Дент“ на своите клиенти ќе им понуди стоматолошки интервенции со највисок квалитет ( естетска стоматологија, ласерско белеење, ренген за сликање на заби со најнизок степен на зрачење и др.)

„Здравјето е најголемото богатство. Единствено од него и знаењето никогаш не е доста. Тајната како да си го продолжиме животот и како да не си го скратуваме е да ја имаме насмевката на нашето лице, а тоа не може да се случи без здрави и бели заби. Тајната со сигурност ја имаме ние, затоа посетете не’.“ – изјави сопственичката Д-р Нена Гогова за нашиот портал.

Тимот на Струмица Денес со задоволство преку фотографии ќе го пренесе отворањето на „Нена Дент“ кое се случи викендот. Сите оние кои своите заби сакаат да ги препуштат во рацете на „Нена Дент“ тоа може да го сторат директно со закажување во самата ординација или на телефонскиот број: 071237866. Во продолжение погледнете ја целосната фотогалерија:

 

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: