На ден 06.11.2024 година од страна на СВР Струмица во кординација со ОЈО Струмица, беше постапено по добиени информации дека раководител во ПШС Беласица Струмица во периодот од 2019 до средината на 2024 година од лицето А.С од с.Старо Балдовци во повеќе наврати земал поткуп во износ од 200 до 400 евра секој месец за издавање на селска сеча.
На ул. „Маршал Тито“ вчера раководителот во ПШС Беласица – Струмица беше фатен на лице место како прима поткуп од А.С по претходно договорена средба помеѓу двајцата. По однос на тоа раководителот бил лишен од слобода и задржан во ПС ОН Струмица. Од страна на судија на предходна постапка на пријавениот му е одреден притвор во траење од 30 дена.