Елеуса Фондација:
Претставници на Елеуса Фондација претпладнево беа во посета на семејството од с.Ораовица. Тргогнати од приказната за тешкиот живот на невработената мајка и нејзината 12-годишна ќерка, Фондацијата во договор со семејството донираше облека, обувки, постелнина и кујнски прибор.
По завршување на градежните зафати кои се во тек, Елеуса Фондација преку своите донатори и партнери стои на располагање за уредување на детската соба.
Благодарност до сите наши сограѓани кои побрзавте да ја споделите приказната со нас, на тој начин остварувајќи ја единствената цел, сите заеднички да помагаме за доброто на заедницата.
Посебна благодарност за нашиот најмлад волонтер, Марија Лазарова, која, потресена од приказната, подготви посебен пакет за нејзината имењачка.
Онака како што е и нашето мото “Љубовта е давање, давањето е радост”.