strumica denes logo

Денес времето ќе биде сончево и многу топло – од недела на повеќе места ќе бде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Автор:

Датум:

септември 23, 2023

Автор:

Датум:

септември 23, 2023

Денес времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Пороен дожд и грмежи ќе има и во понеделник. Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Потоа времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Температурата ќе опадне за неколку степени.