strumica denes logo

22 ГОДИШНО МОМЧЕ СО СВОЕТО ВОЗИЛО УДРИ ВО ПЕШАК ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

ноември 9, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

ноември 9, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

На 08.11.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Маршал Тито” во Струмица, патничко моторно возило „тојота” со струмички регистарски ознаки, управувано од И.В.(22) од село Моноспитово, струмичко, удрило во пешакот И.У.(38) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.