ВЧЕРА УМС, ДЕНЕСКА СДММ: Се садеа дрвца и цвеќиња кај клучката кон Куклиш!

ноември 24, 2019

Вчера УМС посадија дрвца и цвеќиња кај клучката кон Куклиш, a денес СДММ заедно со пратеникот Коста Костадинов го направија истото. По реакција на УМС за проблемите на клучката кон Куклиш, предизвикот со алтернативен предлог го направи пратенкот Костадинов при што ги повика младите на СДММ и УМС да засадат цвеќиња. Јавноста вчера беше сведок и на меѓусебни обвинувања помеѓу УМС и Костадинов. Костадинов ги обвини младите, па дури и Советници од ВМРО- ДПМНЕ дека имат партиски притисок, додека УМС одговори дека решавањето на проблемите е работа по дефиниција на власта. УМС на нивната официјална страница објавија дека денеска исто така го чистеа и паркот во Банско.

Христијан Велков (Претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ Струмица – 11.23.2019)

Столе Коциров ( Претседател на СДММ Струмица – 11.24.2019)

Коста Костадинов (Пратеник од редовите на СДСМ – 11.24.2019)

(Еколошка акција на УМС ВМРО-ДПМНЕ Струмица – 11.24.2019)

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: