Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
⭕️Едно од основните начела во политиката е да се држиме до тоа што го ветуваме и да го реализираме она што е суштинска потреба и барање на граѓаните.
Мојот збор е збор и во време на криза.
🏗Струмица се гради и развива посилно од било кога.
Вложуваме 19 милиони денари од општинскиот буџет во комплетна реконструкција на улицата „Крушевска Република“.
Се отстранува стариот асфалт и ќе биде поставен нов во два слоја и нови тротоари од двете страни на поројот.
Од мое и од името на Советот им благодарам на граѓаните кои живеат долж поројот „Крушевска Република“ за трпението што го имаат, бидејќи околу 3 години тука се изведуваат градежни работи, но нека се стрпат уште малку да го доуредиме и овој дел од градот да го направиме убаво место за живеење.
Нека ни се со среќа двете нови улици во нашата убава Струмица.