ВЛАДИМИР РИСТОВ: За 270 садници пред Дом на Арм, Костадинов платил повеќе од 1 милион денари – Едно дрвце чини 4.000 денари!

декември 21, 2023

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Струмица ги има и најскапите дрвја во државата

По најскапите клупи за која Општина Струмца плати повеќе од 1550 евра за една клупа и најскапите контејнерите за кој општината ја чинат 8000 евра за еден контејнер, Градоначалникот Костадинов има проект зелен лавиринт кој за да се засади едно дрвце се извоиле 65 евра по дрвце.

Градоначалникот Костадинов помпезно го најавуваше најголемиот лавиринт во државата кој ќе помогне за разеленување на Струмица. Проект кој повеќе беше наменет за социјалните медиуми, отколку за реални потреби на струмичани. И наместо најголемиот лавиринт го добивме најскапиот лавиринт.

За 270 садници пред Дом на АРМ, Костадинов од буџетот на општина Струмица издвоил повеќе од 1 милион денари.

За проектот ,,Зелен лавиринт – срце во градски парк Струмица”, во прогмата ЈМ – паркови и зеленила, Општина Струмица издвоила 1.079.234 денари. Во проектот има зесадено 270 зимзелени садници во вид на срце. Или за овој проект да се засади 1 дрвце се одвоени околу 4.000 денари.

Според ценовникот за шумски декоративен материјал на Македонски шуми цената за овој вид дрвца е далеку поевтина. Исто така цената за зимзелени садници во продавниците на големо се движи помеѓу 200 и 600 денари во зависност од големината.

Или наместо 270 дрвца, можело да се засадат повеќе 3000.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ