ВЛАДИМИР РИСТОВ: Поднесовме развојна програма за подземни контејнери во Струмица!

ноември 11, 2022

Владимир Ристов, советник во советот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица:

Се почесто се соочуваме со слики во Струмица каде ѓубре во градот расфлено пред контенјери. Во централното градско подрачје контенјерите се грда слика за Струмица, а се почесто се прават депонии.

Поголемите општини во Македонија, Охрид, Велес, Кочани, Кумановo, Битола, скопските општини веќе со години го користат системот на подземни контенјери. Струмица на оваа поле заостанува.
Затоа, за да се спречи оваа ситуација, советничка група на ВМРО-ДПМНЕ предложи развојна програма за поставување на подземни контенјери низ централното градско подрачје во првата фаза, во втората фаза и во другите делови од градот.

На почетокот потребно е да се постават 10 контејери на следните локации: пред канцелариите на ,,Младински Совет”, пред влезот на гимназијата, пред училиштетото ,,Сандо Масев”, пред судот, пред споменикот на Револуцијата, малиот градски парк, големиот градски парк, поранешната дирекција на ,,Комуналец”. Развојната програма предвидува од буџетот на oпштина Струмица да се одвојат по околу 110.000 евра во наредните 3 години.

Подземните контејнери заштедуваат простор, го подобруваат изгледот на околината и овозможуваат селектирање за понатамошниот третман на отпадот. Со поставување на подземни контејнери, се избегнува непријатната миризба, расфрлањето на отпадот, поместувањето и оштетувањето на контејнерите. Од друга страна ќе се оневозможи фрлање на градежен шут, отпад од големи пакувања и друг кабаст материјал, со што се создава почиста и поздрава средина.

Се надеваме дека оваа развојна програма ќе наиде на разбирање и истата ќе биде прифатена од страна на градоначалникот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ